20.06.2018
20.06.2018
Нобеловецот д-р Ферид Мурад во Лекарската комора на Македонија
На средбата проф. Ферид Мурад беше запознат со активностите и работата на Лекарската комора на Македонија, како и со проблемите и предизвиците кои се поставени пред докторите во остварувањето на здравствената дејност.
На д-р Ферид Мурад, кој во 1998 година е добитник на Нобелова награда за физиологија и медицина, Лекарската комора на Македонија му врачи благодарница за промоција на медицината.
Тој е роден во 1936 година во Индијана, САД. Има потекло од гостиварското село Лакавица, каде бил роден неговиот татко. Автор е на голем број научни трудови од областа на клиничката фармакологија.
Во чест на нобеловецот гостиварската општа болница го носи неговото име.