03.05.2018
03.05.2018
Унапредување на соработката со Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Р. Македонија
Лекарската комора на Македонија и Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Р. Македонија ќе ја продлабочуваат соработката, пред се, во однос на поддршката на активностите на Здружението и неговите заложби за посебна регулација на статусот на овие професии во законската регулатива и во системот на здравствена заштита. Ова е договорено на средбата на претседателката на Комората, доц. д-р Калина Гривчева – Старделова со претседателката на Здружението, Велка Гавровска – Лукиќ, што се одржа во просториите на Здружението во Скопје.
На средбата стана збор и за потребата на донесување на посебна законска рамка за медицински сестри, техничари и акушерки, дефинирање на овие професии во каталогот на занимања, унапредување на заедничките активности кои ќе придонесат за поуспешно организирање и имплементација на континуираната медицинска едукација за сестрите, техничарите и акушерките, како и поддршка на проектите за нивна едукација и доусовршување.