30.04.2018
30.04.2018
Д-р Гривчева - Старделова со „The Risk Mаnagement in the Medical Practice“ на Меѓународната конференција на БМА
Овој најголем стручен медицински собир во соседна Бугарија, годинава беше фокусиран на две главни теми – „Управување со ризикот во медицинската практика - компликации, пропусти и неуспеси“ и „Итност - навременост, достапност и квалитет, како превенција за медицински пропусти“. Пред повеќе од 300 доктори и претставници на различни медицински асоцијации беа презентирани и стратешки студии, идеи и пристапи базирани на медицински факти и достигнувања од областа на хирургија, кардиохирургија, ендокринологија, неврологија, токсикологија и др.
„Уверен сум дека низ размената на ставовите и искуствата ги збогативме нашите научни и практични знаења како предуслов за јакнењето на довербата кон лекарите“, истакна д-р Венцислав Грозев, претседателот на БМА.