08.02.2018
08.02.2018
Министерството за здравство и Лекарската комора ја унапредуваат соработката
Фото: МИА
Активирање на координативното тело помеѓу Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Лекарската комора на Македонија за сите значајни прашања во здравствениот сектор, нов Закон за здравствена заштита и Закон за докторска дејност, корекции во системот Мој термин и во издавањето на т.н. приоритетни упати, измени во правото за дополнителна дејност за докторите, создавање на единствена мрежа на здравствени установи и единствен здравствен електронски картон и електронската евиденција на податоците, платите и дежурствата на докторите, реализирање на кампања за подигнување на достоинството на здравствените работници....
се дел од темите на работниот состанок на министерот за здравство д-р Венко Филипче со претседателката на Лекарската комора д-р Калина Гривчева Старделова и членовите на Извршниот одбор.
На средбата стана збор и за промена во концептот на избор на лекар, односно потребата пациентите да избираат матична установа, неопходноста за нов систем на специјализации, стручниот надзор, а посебен акцент беше ставен и на можностите за стручно доусовршување на докторите, пред се во областите за кои пациентите од земјава одат на лекување во странските центри.