07.12.2017
07.12.2017
Коморите и пратениците - доктори заеднички во решавање на проблемите на докторите
На состанокот што го иницираше Лекарската комора присуствуваа д-р Мирсада Емини - Асани, претседател на Комисијата за здравство и членовите д-р Бети Рабаџиевска - Наумовска, д-р Маја Морачанин, д-р Катерина Кузмановска, д-р Мери Лазова. На оваа прва ваква средба присуствуваа и претседателот на Стоматолошката комора, д-р Владимир Поповски, претставникот на Фармацевтската комора, Јасмина Патчев, а од ЛКМ д-р Калина Гривчева - Старделова, претседател на Лекарската комора, д-р Илбер Бесими, заменик на претседателот, потпретседателите д-р Игор Дабески и д-р Никола Граматниковски, претседателот на Собранието, д-р Џабир Бајрами и членовите на ИО.
На средбата која измина во исклучително конструктивна атмосфера беа отворени голем број прашања, меѓу кои и вреднувањето на докторската работа, законот за докторска дејност, правото на дополнителна работа, мрежата на здравствениот систем, концептот на избор на лекар, недостигот на кадар, специјализациите и нивно планирање... Во дискусиите можеа да се слушнат различни мислења и ставови за определени теми, но присутните беа единствени во поддршката на ваквиот начин на работа, со уверување дека ќе почнат да се решаваат проблемите во здравството кои се таложат со години. Договорена е наредната средба да се одржи до крајот на годинава.