Потпишана Декларација „Стоп на насилството во здравството“
Денеска во Лекарската комора на Македонија се потпиша Декларација - Стоп на насилство врз докторите на медицина, стоматологија, фармацевтите, медицинските сестри, техничари, акушерки и другите здравствени работници.
Декларацијата ја потпишаа претседателите на Лекарската комора на Македонија, доц. д-р Калина Гривчева - Старделова, претседателот на Стоматолошката комора, проф. д-р Владимир Поповски, претставникот на Фармацевтската комора м-р Eрол Али, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, и претседателката на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија, Велка Лукиќ.
На потпишувањето на Декларацијата присуствуваше и државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, како и заменикот на претседателот на Лекарската комората, д-р Иљбер Бесими.
Потписниците на оваа Декларација се обврзаа, секој во рамки на своите ингеренции, да работи на заштита од насилство врз здравствените работници и соработници, а особено на единствено безбедна средина во која се даваат здравствени услуги, гарантира сигурна, стручна и квалитетна здравствена заштита за пациентите. Со Декларацијата се потецнира и правото за безбедна работна средина и неопходноста насилството во здраството сериозно да биде сфатено од страна на управителите на сите здравствени установи, како и дека со помош на полицијата и правниот систем мора ефикасно да се справиме со сите негови облици.
Едно од начелата на Деларацијата е и дека плановите за спречување на насилството врз докторите на медицина и стоматологија, фармацевтите, медицинските сестри, техничари, акушерки и другите здравствени работници мора да се изработуваат на национално ниво, но и во здравствени установи, додека инцидентите на насилство мора да бидат документирани преку систем кој ќе биде обезбеден од страна на владата и здравствените установи.
Заложбата е за јасна и транспарентна работа која нема никаква толеранција за насилство насочено против лицата кои даваат здравствени услуги, а тоа, според потписниците на Декларацијата, мора да се воведе на сите нивоа во секторот на здравствена заштита и јавно да се поддржува.
Декларацијаза „Стоп на насилствово здравството“, во средината на септември, потпишаа и членките на ЗЕВА, асоцијација во која се обединети 17 комори од земјите на Централна и Источна Европа.