03.06.2016
03.06.2016
Најдобар стручен и научен труд објавен во „Vox medici“ за 2015 година
Наградата за најдобар објавен стручен и научен труд во „Vox medici“ во 2015 година рамноправно ја поделија трудовите „Карбоцистеин во амбулантското лекување на егзацербациите на хроничниот бронхитис и хроничната опструктивна белодробна болест“ од Јордан Минов, Јованка Кaраџинска - Бислимовска, Сашо Столески, Драган Мијакоски (Институтот за медицина на трудот на Р. Македонија, Колаборативен центар на СЗО и Колаборативен центар наGA2LEN) и „Нутрофилна дисфункција предизвикана со злоупотреба на антибиотици кај децата“ од Кристина С. Миронска од Универзитетската клиника за педијатрија.