03.06.2016
03.06.2016
Највисоко признание за 2015 година, Плакета „Св.Наум Охридски“ за д-р Мирослав Бојаџијевски
Во рамките на свеченоста, беше доделена Плакетата „Св. Наум Охридски“. Добитник на ова највисокото признание на Лекарската комора на Македонија оваа година е д-р Мирослав Бојаџијевски од Скопје, од неодамна во пензија, кој најголемиот дел од својот професионален ангажман го мина како дел во тимот на Геронтолошкиот завод „13 ноември – Скопје“.
Предлогот за доделување на оваа престижна награда на д-р Бојаџијевски е од неговите колеги, односно од Општинската организација на ЛКМ – Карпош 3 од Скопје.
Комисијата за награди на Комората, како што истакна нејзиниот член, д-р Верица Попоска, оцени дека со својата работа и досегашни активности на професионален план, коректниот однос кон колегите, професионален однос и доверба кај пациентите, секогаш придржувајќи се на медицинската етика и Кодексот на медицинска деонтологија, д-р Бојаџијевски несомнено е доктор кој заслужува вакво признание.
Иницијатива за доделување на наградата можат да поднесат Општинските и Подрачните одбори на Комората.
Предлозите за награда, се поднесуваат со образложение согласно Правилникот.