03.05.2016
03.05.2016
Остварена средба со Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на Македонија
Во согласност со политиката на Лекарската комора на Македонија за редовен контакт со младите лекари, претседателот проф.д-р Кочо Чакалароски и потпретседателката д-р Ленче Нелоска, неодамна одржаа средба со претставниците на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на Македонија (АСМЛ). На средбата стана збор за актуелните проблеми со кои се соочуваат специјализантите, динамиката и обемот на новите проекти (кофинансирање на приватни специјализации) како и потребата за решавање на статусот на приватните специјализанти.
На средбата се разговараше за последниот завршен конкурс како и за новиот конкурс за кофинансирање на приватните специјализации, како и за потребата да се реши статусот на приватни специјализанти кои не беа опфатени со овие конкурси.
Комората ги информираше претставниците од АСМЛ за успехот постигнат во преговорите со Министерството за здравство во делот на снимање и пренесување на специјалистичкиот испит во живо и регулацијата на зачувување на приватноста при снимањето.
На средбата стана збор и за потребата за побрзо усогласување на новите законски измени од страна на ФЗОМ, пред сѐ, околу можностите за работа без сестра како и за имплементација на новините со кои се овозможува т.н. работна специјализација.
Лекарската комора и натаму останува отворена за младите колеги, ги поддржува, внимателно ги следи нивните проблеми и предизвици и работи на изнаоѓање решенија, а редовните средби со АСМЛ кои се реализираат, несомнено, се добар начин за тоа.