Традиционални турнири и натпревари на спортските секции
На 10 април во спортската сала во Виница ќе се одржи 11 турнир во пинг - понг што традиционално се организира во рамките на одбележувањето на 7 Април – Светскиот ден на здравјето. Се очекува да се натпреваруваат повеќе од 30 доктори во машка и женска конкуренција, како и во двојки, а турнирот има меѓународен карактер со оглед дека своето учество го имаат потврдено и доктори од странство.
Традиционалниот турнир во мал фудбал ќе се одржи на 23 април на терените на Спортско - рекреативниот центар „Никола Карев“ во Скопје. Натпреварите е планирано да почнат во 10 часот. На овој 12 турнир што го организира Спортската секција при Лекарската комора досега се пријавени четири екипи, а според д-р Мирослав Спасовски, бројот на тимовите кои ќе ги одмеруваат силите на теренот не е ограничен, односно заинтересираните се уште можат да се пријават. Контакт: тел - 075/490-091 или на e-mail: spasovski_miroslav@yahoo.com
Првенството за доктори во тенис на Македонија „Медикал опен“ по 21 пат ќе се одржи во втората половина на мај, 2016 година (во еден од трите викенди, 14,21, или 29.мај). Покровител на првенството е Лекарската комора на Македонија, а организаторите ги покануваат сите докторки и доктори тенисери да се пријават за учество. Подетални информации и пријава за учество: д-р Никола Пановски, тел - 070/266-795 или e-mail: panovskin@yahoo.com