20.11.2015
20.11.2015
Дефиниран Анекс-договорот за ПЗЗ – општа медицина
Преговарачкиот тим на Лекарската комора на Македонија, предводен од потпретседателката д-р Ленче Нелоска, на денешната средба со менаџерскиот тим на Фондот за здравствено осигурување на Македонија го дефинира Анекс-договорот за извршување и плаќање на здравствените услуги во примарната здравствена заштита - општа медицина. На големо задоволство на преговарачкиот тим, во Анекс-договорот се инкорпорирани голем дел забелешките и предлозите кои преку Комората ги дадоа и иницираа докторите од примарниот сектор во текот на годинава.
Официјалното потпишување на Анекс-договорот е предвидено за наредната недела, по што тој ќе биде и јавно објавен.