Златна плакета на Лекарската комора на Македонија
Во рамките на свеченоста, „Златна плакета на Лекарската комора на Македонија“ за неговите заслуги во развојот на институцијата и севкупниот придонес за македонското здравство постхумно му беше доделена на проф. д-р Јован Тофоски.
Проф. д-р Кочо Чакалароски, Златната плакета ја врачи на членовите од семејството Тофоски.
Проф.д-р Јован Тофоски е роден 1940 година во Прилеп. Тој претставуваше еминентен стручњак, специјалист гинеколог-акушер, Професор на Медицински Факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје, поранешен министер за здравство на Република Македонија и директор на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, претседател на Здружението на гинеколози и опстетричари на Македонија и еден од основоположниците на Лекарската комора на Македонија.
Замина исклучителен човек, научен работник, хуманист.
Ќе го паметиме како доктор во вистинска смисла на зборот, интелект кој никогаш не се штедеше, поклоник на Хипократовата заклетва.
Остави длабок печат во македонското здравство и историјата на Република Македонија.