05.06.2015
05.06.2015
Благодарници на здравствени установи и доктори кои беа ангажирани за време на немирите во Куманово, на 9 и 10 мај 2015 година
На Свеченоста по повод Денот на Комората благодарници им се доделија и на здравствените установи и докторите кои беа ангажирани во згрижувањето на повредените припадници на безбедносните сили за време на неодамнешните немили настани во Куманово, на 9 и 10 мај 2015 година.
Лекарската комора на Македонија изрази голема благодарност и почит кон сите доктори и здравствени установи за покажаната професионалност, стручност, пожртвуваност и навремена реакција при укажување медицинска помош на повредените за време на немирите во Куманово (09.05.2015-10.05.2015).
Благодарници беа доделени на 193 доктори и здравствените установи во кои работат:
- ЈЗУ Градска Општа болница „8-ми септември“ – Скопје
- ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиохирургија – Скопје
- Служба за Итна медицинска помош – Велес
- ЈЗУ Универзитетска клиника за неврохирургија – Скопје
- Служба за Итна медицинска помош – Куманово
- Служба за Итна медицинска помош – Скопје
- ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија - Скопје
- ЈЗУ Општа Болница - Куманово
- ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија – Скопје
- ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина – Скопје
- ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиологија – Скопје
- ЈЗУ Универзитетска Клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје
- ЈЗУ Универзитетска Клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар
- Служба за Итна медицинска помош – Штип
- ЈЗУ Универзитетска Клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје
- Институт за судска медицина – Скопје
- ЈЗУ Универзитетска клиника за очни болести – Скопје
- ЈЗУ Универзитетска клиника за урологија -Скопје