09.06.2014
09.06.2014
Извршен одбор на ЛКМ (20.5.2014)
Членовите на Извршниот одбор на ЛКМ на седницата одржана на 20.5.2014 година донесоа одлука со која Лекарската комора на Македонија донира по 100.000 денари за поплавените подрачја во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Србија што ќе бидат искористени за набавка на дезифисиенси кои се најпотребни во санирањето на последиците од катастрофалните поплави.
**
Извршниот одбор побара од сите општински одбори на ЛКМ да достават информации за доктори кои заминале да живеат и работат во странство од нивните општини. Ваквата информација од општинските одбори е побарана со официјален допис.**
Членовите на извршниот одбор донесоа одлука за учество на Лекарската комора на Македонија на 21 Сипозиум на лекарските комори од Централна и Источна Европа (ZEVA) што ќе се одржи од 25 до 27.10.2014 година во Братсилава, Словачка. Делегацијата на ЛКМ на оваа манифестација ќе ја сочинуваат претседателот на Комората, проф. д-р Кочо Чакалароски, д-р Мухамед Асани (член на Извршен одбор) и д-р Коле Неделковски (член на Комсија на ЛКМ).