Извршен одбор на ЛКМ (8.4.2014)
Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија на својата редовна седница одржана на 8.4.2014 година донесе одлука со која го делегира д-р Беким Исмаили за член од Комората во Работна група за семејна медицина при Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).
Целта на Работна група за семејна медицина при ФЗОМ е дефинирање на пакетот на здравствени услуги со надградување и дополнување на дијагностичките и терапевтските постапки за избрани лекари - специјалисти по семејна медицина во ПЗЗ, анализа на видот и обемот на овие здравствени услуги.
**
Членовите на Извршниот одбор донесоа одлука да се формира посебна Комисија за измени и дополнувања на Правилникот за плаќање на здравствени услуги во ПЗЗ во состав д-р Беким Исмаили, д-р Игор Дабески и д-р Лилија Чолакова - Дервишова.
Измените и дополнувањата од Комисијата ќе бидат доставени до Управниот одбор на ФЗОМ како предлог да бидат инкорпорирани во постоечкиот Правилник за начинот за плаќање на здравствени услуги во ПЗЗ.