Поволности за членовите на ЛКМ
Лекарската комора интензивно работи на склучување на договори со компании кои работат во прометот на добра и услуги на територијата на Р.Македонија, со цел да се обезбедат попусти и дополнителни поволности (бескаматно кредитирање на повеќе рати) при купување на производите и услугите што тие ги нудат на пазарот.
Имињата на фирмите и компаниите во кои членовите на Комората ќе имаат попусти и поволности редовно ќе се објавуваат на веб страницата на ЛКМ и во VOX MEDICI.
За остварување на погодностите од склучените договори, ќе биде потребно да се приложи членска карта издадена од Лекарската комора на Македонија, заедно со лична карта на членот на Комората. Поволностите се однесуваат за членовите на Лекарската комора на Македонија и нивните потесни семејства (брачен партнер, деца).
Во делот на попустите, тие се остваруваат при самото плаќање, додека Лекарската комора на Македонија во делот на гаранцијата за исплата на производи, односно услуги на рати е само посредник меѓу здравствената установа каде е вработен членот на Лекарската комора на Македонија и другата договорна страна. Гаранцијата за редовната исплата на договорените рати ја обезбедува здравствената установа во која е вработен членот на Лекарската комора на Македонија. За злоупотреба на членската карта или предизвикана штета последиците ќе ги поднесува сопственикот на членската карта издадена од Лекарската комора на Македонија.
Потврди:
-
Заклучница за осигурување во АД Осигурителна Полиса - Скопје Национална групација за осигурување
-
Потврда за Туристичка агенција Атлантис за плаќање на 2 рати
-
Потврда за Туристичка агенција Атлантис за плаќање на 3 рати
-
Потврда за Туристичка агенција Атлантис за плаќање на 4 рати
-
Потврда за Туристичка агенција Атлантис за плаќање на 5 рати
-
Потврда за Туристичка агенција Атлантис за плаќање на 6 рати
-
Потврда и изјава (2 примероци) за ИНВЕНИО ДУКИ ДАСО – СКОПЈЕ
-
Потврда и изјава (2 примероци) за ТОП ШОП – СКОПЈЕ
-
Потврда и изјава (2 примероци) за МОТО МОБИЛ ЦЕНТАР – СКОПЈЕ
-
Потврда и изјава (2 примероци) за ЈАНТАР – СКОПЈЕ/БИТОЛА
-
Потврда и изјава (2 примероци) за ХОТЕЛ КЛИМЕТИЦА 1 и 2 – ОХРИД
-
Потврда и изјава (2 примероци) за СЕТЕК – СКОПЈЕ/ДРУГИ ГРАДОВИ ВО Р.М.
-
Потврда и изјава (2 примероци) за агенција ПЕТ
-
Потврда и изјава (2 примероци) за Тара Мода