Собрание на ЛКМ
Усвоен извештајот за работата на Комората 2012-2013 и определени приоритетните натамошни активности
Лекарската комора на Македонија на 26 септември 2013 година во Скопје одржа Годишно Собрание, со кворум од 52 делегати, на кое беа усвоени Извештајот за работата на органите и телата на Комората за периодот септември 2012 година до септември 2013 година. Претседателот на Лекарската комора на Македонија, проф. д-р Кочо Чакалароски, во својот извештај потенцира дека во изминатиот едногодишен период во остварувањето на функцијата на Лекарската комора активно беа вклучени сите нејзини органи и тела. Одржани се 33 седници на Извршниот одбор каде се разгледани околу 150 точки ставени на дневен ред и повеќе од 70 состаноци на комисиите, поткомисиите и работните групи, а во работата на органите и телата на Комората активно биле вклучени неколку стотини нејзини членови.
Претседателот на ЛКМ истакна дека во периодот 2012-2013 активностите на органите и телата на Комората главно беа насочени кон:
- Плаќање по учинок
- Активно учество во јавните расправи при донесувањето на новите законски решенија за здравствена заштита, за медицински студии и КМЕ и законот за лекови
- Учество во креирањето на листите на здравствени услуги во примарна секундарна и терцијарна здравствена заштита
- Иницијатива за решавање на проблемот на докторите од консултативно-специјалистичка здравствена заштита кои не се во мрежата на здравствени установи (признавање на нивните извештаи и факсимили во мрежата)
- По предлог на ЛКМ направени се измени и дополнувања на правилникот за ортопедски помагала
- Активно учество во имплементацијата и во подобрувањето на системот на е-здравство (електронска здравствена картичка, електронски рецепт, мој термин за закажување)
- Активно учество во изготвувањето на анекс-договорите за плаќање на здравствените услуги со ФЗОМ за 2013 година и организирање на работилници за решавање на проблемите во работењето на докторите
- Активно учество во дефинирање на национални мерки /интервенции за подобрување на здравствената состојба на населението кои Министерството за здравство ќе ги определи како 10 годишни цели - Реализирани проекти во соработка со Министерството за здравство
- Меморандум за соработка меѓу ЛКМ , Министерството за здравство и невладината организација Link Across- САД (ноември 2012 год.)
- Медицински симулациски центар (МСЦ) - Набавка на основни средства (компјутери и проектори) за потребите на ОО на ЛКМ и нивните активности
- Изготвена и усвоена нова систематизација на стручните служби на ЛКМ
- Присуство на ЛКМ на акредитирани стручни активности - Конгреси со цел промоција на улогата и значењето на Комората за докторите како и сондирањето на нивните ставови, забелешки, предлози за актуелни прашања од областа на здравството
- Стручен надзор
- Осигурување на доктори од лекарска грешка
- Етичко мислење за несродна трансплантација
- Бесплатни правни совети
- Закон за докторска дејност
- Збогатување на содржините на гласилото на ЛКМ "Vox medici" со посебен тематски додаток
Како приоритетни активности на Комората во наредниот период проф. Чакалароски, ги издвои:
- Законот за докторска дејност (работен материјал)
- Дизајнирање на проектно софтверско решение кое ќе одговара на потребите и обврските на ЛКМ
- Изменување и дополнување на Статутот на ЛКМ
- Иницијатива за измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита
- Медијација
Членовите на Собранието го усвоија Предлогот за измена и дополна на Статутот на ЛКМ и формираа Комисија за статутарни измени во состав:
д-р Идриз Орана - Претседател на Kомисијата;
д-р Катица Марангазова- член;
д-р Билјана Петковска -Огњанова - член.
Имајќи ја предвид потребата од донесување на закон за докторска дејност како нормативен акт со кој ќе се утврди местото, улогата, правата и обврските на докторите, Собранието на ЛКМ формира Комисија за изготвување на текстот на законот за докторска дејност во следниот состав:
- Д-р Ленче Нелоска - Претседател на Комисијата;
- Д-р Џабир Бајрами - член;
- Д-р Игор Дабески - член;
- Д-р Илбер Адеми - член;
- Д-р Коле Неделковски - член;
- Д-р Томислав Цуцуловкси- член;
- Д-р Мухарем Салиу - член;
- Д-р Горан Беговиќ - член;
- Д-р Влатко Симоновски - член;
- Д-р Калина Гривчева Старделова - член;
- Д-р Зоран Трајковски - член
Собранието на ЛКМ донесе одлука и формира Комисија за трансплантација на органи и ткива во состав:
1. Д-р Аспазија Софијанова - Претседател на Комисијата-Клиника за детски болести;
2. Д-р Александар Шиколе - член, Клиника за нефрологија;
3. Д-р Сашо Дохчев - член, Клиника за урологија;
4. Д-р Слободан Гурмешевски - член, Клиника за урологија;
5. Д-р Ристе Симеонов - член, Клиника за детска хирургија;
6. Д-р Дејан Трајков - член, Институт за имунологија;
7. Д-р Љупка Момировска - член, КАРИЛ;
8. Д-р Емилија Велкова - член, Републички завод за трансфузиологија;
9. Д-р Светлана Трифуновска - член, Семејна медицина;
10. Д-р Реџеп Сељмани - член, Клиника за абдоминална хирургија;
11. Д-р Скендер Саиди - член, Клиника за урологија;
12. Д-р Александар Јосифов - член, Клиника за торакална и васкуларна хирургија;
13. Д-р Гафур Полиси - член, Семејна медицина;
14. Д -р Стефан Арсов - член, ОО на ЛКМ Приватни лекари ;
15. Д-р Рубенс Јовановиќ - член, Институт за патологија;
16. Д-р Борче Георгиевски - член, Клиника за хематологија;
17. Д-р Гордана Тренчевска- Китева - член, Клиника за неврологија;
18. Д-р Бети Тодоровска - член, Клиника за гастроентерохепатологија;
19. Д-р Владимир Чадиковски - член, Клиника за детска хирургија;
20. Д-р Павлина Џекова-Видимлиски - член, Клиника за нефрологија;
21. Д-р Ирфан Ахмeти - член, Клиника за ендокринoлогија;
22. Д-р Тања Спировска-член, КАРИЛ;
23. Д-р Христо Пејков - член, Клиника за кардиологија;
24. Д-р Беким Поцеста - Клиника за кардиологија;
25. Д-р Артан Дика - член, Клиника за пластична хирургија
Членовите на Собранието го верифицира мандатот на д-р Александар Башески за делегат на ОО на ЛКМ Прилеп и донесоа одлука за разрешување д-р Билјна Петреска Зовиќ и д-р исмаил Бајрами од членови на Комисијата за приватно здравство при Лекарската комора на Македонија и именување на д-р Седат Љумани и д-р Златко Стојменски за членови во оваа Комисија.
Собранието го усвои Извештај од Надзорниот одбор за материјално-финансиското работење на Лекарската комора на Македонија за 2012 година и едногласно донесе одлуки за усвојување на Годишната пресметка на Лекарската комора на Македонија за 2012 година, со извештај за финансиското работење, како и за усвојување на Финансискиот план на Лекарската комора на Македонија за 2013 година.