Собрание на ЛКМ на 26 септември во Скопје
Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија, на седницата одржана на 6 август 2013 година донесе одлука со која Собранието на Лекарската комора е закажано за 26 септември 2013 година. Седницата на Собранието ќе се одржи во салата на Стопанската комора на Македонија ("Димитрие Чуповски" бр. 13) во Скопје, со почеток во 12 часот.
За Собранието беше утврден следниов дневен ред:
1.Извештај за работата на органите и телата на Комората за период од 2012 година до 2013 година;
2.Предлог-одлука за разрешување и за именување на делегатот на ОО на ЛКМ - Прилеп;
3.Предлог за измена и дополна на Статутот на ЛКМ и формирање на Комисија за статутарни измени;
4.Пред нацрт закон за докторска дејност;
5.Предлог-одлука за разрешување и именување на членови на Комисијата за приватно здравство при Лекарската комора на Македонија;
6.Предлог - одлука за конституирање на Комисија за трансплантација на органи и ткива;
7.Извештај на Надзорниот одбор за материјално-финансиското работење на Лекарската комора на Македонија за 2012 година.;
8.Предлог - одлука за усвојување на годишната пресметка на Лекарската комора на Македонија за 2012 година, со извештај за финансиското работење;
9.Предлог - одлука за усвојување на финансискиот план на Лекарската комора на Македонија за 2013 година;
10.Разно.