30.08.2013
30.08.2013
Упатство за начинот и постапките за користење на апликациите за Е-рецепт и Е-упат
Фондот за здравствено осигурување на Македонија изготви упатство за начинот и постапките за користење на апликациите за Е-рецепт и Е-упат поврзани со работењето на ФЗОМ. Тоа се дистрибуира до здравствените установи, а во него се дефинирани постапките и начините за постапување како и соодветните исклучоци. " Ве молиме да го разгледате и да доставите забелешки, како и предлози за останати проблеми и сегменти за кои сметате дека треба да се вметнат во упатството како правила за постапување или исклучоци", апелираат од ФЗОМ.