Тениcки турнири под покровителство на ЛКМ
Под покровителство на Лекарската комора на Македонија оваа година ќе се одржат :
19.то Првенство на Македонија за доктори во тенис "Medical Open", 1 и 2 јуни 2013 година, ТК "Акватен "-Кочани. На Првенството, покрај доктори на медицина, можат да учествуваат и дипломирани стоматолози и фармацевти.
26.то Балканско првенство и медицински симпозиум за доктори во тенис,1-7 септември 2013 година, на тениските терени на Хотел "Александар Палас " во Скопје.
Пријавување за двете првенства кај проф. д-р Никола Пановски, тел : 070 266 795, e-mail: panovskin@yahoo.com.
Рокови : за Првенство на Македонија до 28 мај 2013 година ;
за Балканско првенство до 20 август 2013 година
За членовите на ЛКМ учеството е бесплатно (терени, топки, вода). Патните трошоци до Кочани и Скопје, како и евентуалното сместување во Кочани и Скопје е на сопствен трошок на учесниците.