11.04.2013
11.04.2013
ФЗОМ одговори на предлозите и сугестиите на ЛКМ за Предлог- анексите на договорите за 2013 година
"Во моментот кога Министерството за здравство достави мислење дека раскинувањето на договорите со здравствените установи од страна на Фондот не претставува основ за престанок на догoворот за лиценца и дека здравствената установа престанува да биде дел од мрежата на здравствени установи само со престанок на концесијата согласно условите утврдени во Законот, Фондот пристапи кон изготвување на нови теркови на договори и анекси за примарна здравствена заштита, наведувајќи рокови кога здравствените установи на кои им еднострано раскинат договорот со Фондот да можат повторно да аплицираат за склучување на нов договор со Фондот, во зависност од тежината на сторената повреда ". Ова е дел од одговорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија на предлозите и забелешките на Лекарската комора на Македонија на Предлог- анексите на договорите за 2013 година за пружење на здравствени услуги на товар ФЗОМ во примарна здравствена заштита - општа медицина, гинекологија и за лаборатории, како и за предлог-анексите на договорите за 2013 година за пружење на здравствени услуги на товар ФЗОМ за специјалистичко-консултативна здравствена заштита за 2013 година. ФЗОМ потенцира дека e подготвен да соработува со Комората и дека " по разгледувањето на забелешката за намалување на должината на роковите за склучување на нов договор одлучи истите да ги намали така што предвидениот рок од шест месеци (чл. 32-а) за склучување на договор ќе се замени со три месеци, додека предвидениот рок од три месеци ќе се замени со еден месец".
преземи
преземи