18.10.2012
18.10.2012
Фондот го преименува „ѕидот на срамот“ во „доктори со најголеми прекршоци“
По реакциите на Лекарската Комора на Македонија и на докторите од целата земја, Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) го преименува ”ѕидот на срамот " во "доктори со најголеми прекршоци ". Оваа промена на веб- страницата на националната здравствена каса е "дискретно " направена во текот на месец септември.
Официјалната промоција на "ѕидот на срамот " пред неколку месеци предизвика остри реакции од докторската фела , а Лекарската комора на Македонија од Фондот за здравствено осигурување и официјално побара да се разгледа можност за употреба на поадекватен термин при објавувањето на имињата на докторите кои направиле повреди на договорните одредби со ФЗОМ.
Лекарската комора останува доследна на заложбите сите доктори да работат согласно законските прописи за да не се дозволи да се доведе во прашање угледот на докторската професија и за да не се создаваат услови за нелојална конкуренција. Како професионална докторска асоцијација, Лекарската комора активно учествува во преговорите со Фондот каде се дефинираат одредбите на договорите за начинот на плаќање, а преставници на докторите партиципираат и во работата на комисијата за казни на ФЗОМ.