05.10.2012
05.10.2012
Собрание
ЛКМ ги поддржа барањата на докторите од приватниот сектор во пзз
На продолжението на III - та седница на Собранието на Лекарската комора на Македонија, оджано на 4 октомври 2012 година, беа разгледани проблемите со кои се соочуваа приватниот сектор во примарната здравствена заштита. Со цел надминување на специфичните проблеми во овој сектор, членовите на Собранието на Комората дадоа поддршка на нивните барања и ги донесоа следниве заклучоци :
- Интензивирање на соработката и поголема експедитивност во комуникацијата од страна на Министерството за здравство;
- Изземање на примарното здравство од концептот на концесии и придржување кон првичниот предлог во Законот за здравствемна заштита според кој ПЗЗ не беше дел од системот на концесии ;
- Да се дозволи во постојните здравствени установи, во рамките на веќе добиената концесиска дејност и потпишан договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), да може да бидат ангажирани и дополнителни тимови, односно избрани доктори со кои установата ќе одговори на потребите и барањата на осигурениците. Дотолку повеќе што ваквата можност не преставува дополнително финансиско оптоварување на буџетот на ФЗОМ ;
- Пациентите да се водат на здравствена установа;
- Да се овозможи групирање на приватните здравствени установи и формирање организациони единици кои ќе можат да обезбедат континуирана и поливалентана здравствена заштита ;
- Воведувања на партипација и во примараната здравствена заштита;
- Да се дефинира терминот "пасивен пациент" ;
- Министерството за здравство да се произнесе по концептот за семејна медицина и да даде образложение за тоа што е иднината, бенефитот и проекциите за докторите по семејна медицина ;
- Во договорањето со ФЗО да се преговара и за нивелирање на казните во примарна здравствена заштита.
Заклучоците и барањата ќе бидат доставени до Министерството за здравство и до Фондот за здравствено осигурување на Македонија.