КОНСТИТУТИВНО СОБРАНИЕ НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Професор д-р Кочо Чакалароски избран за претседател на Комората
Во трката за избор на претседател беше и д-р Билјана Илиевска Поповска од Институтот за ТБЦ во Скопје .Претходно своите кандидатури за оваа функција ги повлекоа д-р Оливер Станков, д-р Идриз Орана, проф.д-р Звонко Миленковиќ и д-р Лилија Чолакова- Дервишова.
Во овој мандат со Собранието на Лекарската комора на Македонија ќе претседава д-р Влатко Миташев, а за потпретседатели на Комората се избрани д-р Ленче Неловска и д-р Џабир Бајрами.
Собранието го избра Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија во следниот состав : д-р Игор Николов, д-р Билјана Петковска Огњановска, д-р Ѓеорги Петков, д-р Маријан Шокаровски, д-р Боро Илиевски, д-р Игор Дабески, д-р Илберт Адеми, д-р Мухамед Хасани, д-р Лилија Чолакова- Дервишова и д-р Идриз Орана.