По барање на ЛКМ
Руралните амбуланти изземени од сменското работење
Со оваа корекција организацијата на работа на рурални амбуланти и нивното работно време се прилагодува на објективната состојба, односно на потребите на пациентите и можностите на докторите кои работат во ови средини.
Измената е направена на последната седница на Управниот одбор на ФЗО која се одржа на 05.04 2012 година врз основа на поднесеното барање и укажување на Лекарската комора кое до Фондот беше официјално доставено во почетокот на месец април. Потребата произлезе од реакцијата на матичните доктори кои работат во рурални и селски амбуланти кои сметаат дека не е возможно да се организира сменската работа во овие специфични услови, поради повеќе причини: оддалеченост, тешка пристапност, непостоење организиран јавен превоз поради што населението во овие подрачја потребните натамошни специјалистички и лабораториски иследувања, како и подигањето на лековите, во најблиското поголемо населено место со специјалистичко-консулативни и лабораториски услуги, вообичаено го организира исклучиво претпладне.