Извештај за работата на органите и телата на Лекарската комора на Македонија за март 2011- февруари 2012 година
Во изминатиот период активностите на органите и телата на Комората главно беа насочени кон :
1. АКТИВНОСТИТЕ ПО ОДНОС НА ФЗО
Лекарската комора на Македонија настојуваше низ преговори, реакции, договори, дописи како и преку преставникот на Лекарската комора на Македонија во Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување (се до завршувањето на мандатот) да го подобри статусот на докторите и поадекватно да се регулираат односите помеѓу ФЗО и здравствените установи. Врз основа на искуството цениме дека соработката во престојниот периот треба да се интензивира со цел да се воспостави поредовна коминикација, размена на ставови, предлози, мислења и решавање на актуелни проблеми и прашања, преку вистиски партнерски односи да се изнајдат решенија во интерс на давателите и корисниците на здравствените услуги.
А) Во текот на преговорите со Фондот за здравствено осигурување за докторите од ПЗЗ е договорено:
- Секој месец место досегашните 70 отсто, на избраниот лекар да му се исплатува 100 отсто од месечниот надомест.
- Гинеколозите наместо бараниот дополнителен коефициент за бремени жени, да добијат зголемување на поените за 100 отсто исплата од досегашните 2.500 на 3.500 поени.
- Во исполнувањето на целите се најавени промени, а предложено е за избраните лекари да се воведе КМЕ од областа на нефрологијата, ендокринологијата и ревматологијата, а евентуалните програмски содржини, ќе се усогласат со Комората и соодветните здруженија.
Ова се новини кои се инкорпорираат во договорите за 2012 година што ќе ги потпишуваат докторите со ФЗО.
Фондот најави дека од 2013 година планира да воведе повекегодишни договори, а евентуални измени во нив да се прават со анекси наместо со нови договори. Во меѓувреме, а во функција на растоварување на докторите од дел од обврските за обезбедување на документација, во преговорите со Комората е одлучено да се направат анекс-договори за периодот до 31.12.2012година.
Лекарската комора на Македонија побара уште еднаш да се преиспита намерата исплатата на месечните трансфери од ФЗО кон закупците во здравствените домови да се “врзе” со подмирените нивни обврски по основ на закупот кон закуподавачот (здравствениот дом) за месецот кој е предмет на исплата. На ваквото становиште ЛКМ остана и по добиенто објаснување дека предлогот за воведувањето на овој нов услов не е на ФЗО, туку е барање на Министерството за здравство. Комората достави свој официцијален став по ова прашање до УО на Фондот.
- намалување на казните нормирани во договорите склучени со ФЗО, намалување на контролите и значајно подобрување на нивниот квалитет, како и учество на нашите претставници при нивното изрекување.
- учество во проектот воведување на електронска здравствена картичка и систем за воведување на интегрален информатички здравствен систем. со заложби за техничко екипирање на ординациите во ПЗЗ.
- По однос на специјализацијата на семејна медицина, како проект на Владата, голем дел од нашите сугестии беа прифатени: намалена е цената на доедукација, прифатен е предлогот за отворање на нови едукативни центри и за акредитација на здравствените институции, преку кои проектот треба да се доближи кон матичните доктори.
- Докторите имаат обврска листата на лекови што паѓаат на товар на националната здравствена каса да ја истакнат на видно место во ординацијата.
- Во член 19 став 1 (за намалување на бројот на боледувања до 15 дена) е извршена корекција: 3% е заменет со 2% (за договорот за гинекологија) и 2% со 1% за ПЗЗ. Според добиентите објаснувања, ова е направено врз основа на податоците со кои располага Фондот за голем број на издадени боледувања за популација од 18-34 години кои не се породилни.
- Фондот за здравствено осигурување најави дека централна база на осигуреници на Фондот, кон која би пристапувале сите матични лекари заради утврдување на својство на осигурено лице за своите пациенти и за правилно пресметување на капитацијата, се планира за 2013 година кога сите ќе имаат електронска здравствена картичка и ќе може да се врши електронски запис на нов пациент.
Б) Во текот на преговорите со Фондот за здравствено осигурување за докторите од специјластичко консулативна здравствена заштита е договорено:
- Кај договорите за специјлистичко-консултативната здравствена заштита да се додаде дека следењето на успешноста на работењето е на квартално ниво, а известувањето до Фондот да се доставува еднаш во годината, на крајот на договорниот период.
-Исплатите на специјалистичките здравствени установи и на лабораториите останува по доставена фактура (воведена од 01. 04. 2011 год.), а не по дванаестинки за да може да се врши квартално порамнување како што се вршело во претходните периоди. Најавена е можност за квартално порамнување во 2013 година, кога Фондот ќе може да врши програмско прилагодување за да се следи кварталното остварување на планот, при што ќе биде можно во еден месец воопшто да нема остварување, но ако во другите два месеци се оствари тромесечниот план, тогаш ќе се врши исплата согласно оствареното во кварталот.
Во секундарната здравствена заштита учествуваме во утврдување на пакетите на здравствените услуги во специјалистичко-консултативната дејност. За жал, и покрај ветувањата, спроведената едукација и преземената обврска ФЗО редовно да не информира за нивната имплементација, првите корекции беа направени дури во ноември 2010. ЛКМ не е задоволна од резултатите постигнати на овој план.
Во терциерната/болничката здравствена заштита, ЛКМ имаше мало влијание, што објективно се должи на организациониот модел на македонското здравство. Големи напори се вложени во подобрувањето на системот за наградување во специјалистичко-консултативнта и болничката секундарна и терциерна здравствена заштита.
Најактуелен за јавниот сектор е проектот за наградување на докторите според учинок. ЛКМ по ова прашање зазеде енергичен став: овој проект подразбира подолго време за подготовки и имплементација. За да се спроведе консеквентно, треба претходно да се утврдат прецизни критериуми и мерила, да се обезбедат додатни средства за финансирање на стручната работа на лекарите наместо – како што започна да се спроведува – вреднувањето на лекарскиот труд да се прави така што од фиксниот буџет, дефинитивно несоодветен кон потребите, на едните да им се одзема за на другите да им се даде. Бизарноста на ваквата постапка можеби најдобро се согледува по однос на здравстената администрација, која овој концепт воопшто не ја засега.
2. ЗАКОН ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
Изготвувањето на новата регулатива - (Законот за здравствена заштита и Законот за здравствено осигурување) и реформите во здравството беа доминантните теми во средбите и комуникацијата на ЛКМ со Министерството за здравство. Со конкретни предлози и концепти Комората во неколку наврати во мандатот на поранешниот и сегашниот министер и официјално понуди законски решенија, модалитети и предлози со кои ќе се осовремени правната рамка на здравството и ќе се обезбеди нејзино усогласување со современите текови во оваа област.
Во текот на 2011 година, Извршниот одбор на ЛКМ повеќекратно го разгледуваше работниот текст на новиот Законот за здравствена заштита, подготвен од Министерството за здравство. Разбирајќи ја сериозно потребата за нашето партиципирање во процесот на донесувањето на новит закон, ЛКМ спроведе бројни консултации во рамките на фелата и со здравтствените власти. Овие консултации резултираа со бројни општи и посебни забелешки. Сите наши забелешки беа уредно доставувани до предлагачот - Министерството за здравство, Комисијата за здравство при Собарнието на РМ, претседателот на Собранието и пратениците во Собранието. Лекарската комора на Македонија ги презентира забелешките по предлог Законот за здравствена заштита и на јавната расправа која беше организирана од страна на Комисијата за здравство при Собранието на Република Македонија. Многубројните учесници, преставници на коморите, на професионалните здруженија, синдикатите и здруженијата на пациентите (38), на оваа прва расправа за овој законски проект имаа голем број забелешки, предлози и сугестии и побараа да се пролонгира донесувањето на Законот со цел низ широки јавни расправи и трибини да се подобрат законските одредби и тие да се во функција на системот кој треба да резултира со подобри решенија и за пациентите и за лекарите. Забелешките на Лекарската комора беа речиси идентични со ставовите Стоматолошката и Фармацевската комора со што тие покажаа дека се единствени во напорите за подобрување на законските решенија и адекватно регулирање на положбата, статусот и интересите на еснафот.
ЗАБЕЛЕШКИ ПО ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА -
> Како Лекарска комора на Македонија укажуваме на неопходноста Законот за здравствена заштита да се носи паралелно со Законот за докторска дејност со цел законските одредби заемно да се усогласат.
> Во текстот на законот го на основниот пакет на здравствени услуги без кој не може да се дефинира системот и улогата и обврските на секој од учесниците во него.
> Исто така, во текстот на Законот сметаме дека е потребно да се опфати начинот и изворите од кој би се финансирала социјалата, дотолку повеќе што изминатиот период здравството беше и е амортизер за социјалниот мир во државата.
> Согласно Предлог Законот за здравствена заштита здравствената дејност се дефинира како јавна служба. Со што здравствените работници се определени како јавни службеници. Согласно Законот за јавни службеници јасно произлегува дека јавните службеници се лица кои вршат работи и работни задачи од јавен интерес во согласност со Уставот, закон и ратификувани договори, професионално, политички неутрално и непристрасно. Според тоа, здравствените работници како вршители на здравствената дејност, која е дејност од посебен општествен интерес, не може да имаат статус на јавен службеник, од причина што здравствените работници не вршат јавни овластувања во име на државата, туку истите имаат една и единствена цел заштита на здравјето на граѓаните на Република Македонија и вршење на здравствени услуги според правила и стандарди на професијата. Основна улога на здравствената дејност е давање на здравствена заштита на граѓаните на Република Македонија. Оттука произлегува заклучокот дека здравството суштински не припаѓа по својата природа во рамките на јавните овластувања, односно дека постои суштинско разграничување на јавно-службеничките овластувања. Од овие причини поистоветувањето на здравствените работници со јавни службеници и последиците што од тоа произлегуваат за нивниот статус е навистина на штета како на граѓаните на Република Македонија, на кои им е неопходно пружањето на здравствена заштита, така и на здравствените работници чија основна задача и цел е давање на здравствени услуги.
Лекарската комора Македонија има воспоставено процес со кој на здравствените работници им се прифаќа стекнатата квалификација, знаење и вештини и тоа претставува основа врз која се издаваат лиценците за обавување на професионалната дејност на здравствените работници. КМЕ и континуираниот професионален развој ги задоволува професионални стандарди. На тој начин се придонесува за подобрување на квалитетот на здравствената заштита на пациентите, за заштита на пациентите од докторите кои неадекватно ја обавуваат својата професија, но и за подобрување на статусот на докторите во општеството и квалитет на нивната работа. Со овој систем на лиценцирање и акредитација се поттикнува професионалниот развој на здравствените работници, се подобри управувањето со хуманите ресурси во здравството и се подигна личната одговорност во исполнувањето на професионалните обврски.
> КОМОРА - Во предлог Законот за здравствена заштита законодавецот воведе дооформување на профилот на Комората посебно кога се уредува коморското здружување,се дефинираат органите на комората,критериумите и начинот на нивно формирање и избор, финансиските средства за работа, јавните овластувања и условите за доделување и одземање на јавните овластувања.
Со предлог Законот на Комората покрај јавните овластувања во делот на лиценцирањето на докторите на медицина, водењето на регистар на издадени, обновени, продолжени и одземени лиценци за работа, дадено и е уште едно јавно овластување - стручен надзор над работата на здравствените установи и здравствените работници. Со него ќе се обезбеди соодветна стручност и компетентност на здравствените работници во пружањето на здравствените услуги и подобрувањето на квалитетот на здравствената заштита.
Во членовите кои се однесуваат на органите на Комората, наведени се одредби кои ги дефинираат условите за тоа кој може да биде избран на раководна функција во Комората. Со условите кои се прецизирани се нарушува правото на членовите на Комората самостојно да одлучуваат за организациското живеење на Комората, со оглед на тоа што структурата на членството во Комората е различна, а сите како членови на Комората имаат исти права и должности во интерес на докторската фела.
Со новите законски решенија во одредбите кои се однесуваат на јавните овластувања , овластувањата на Комората и се даваат со ограничување на 5 години, иако во следните членови таксативно се наведени можностите за одземање на јавното овластување од страна на Министерот за здравство. Тој може во секој момент врз основа на претходна контрола да го одземе даденото овластување.
Во одредбите кои се однесуваат на финансирањето на Коморите јасно треба да се дефинира за тоа кои јавни овластувања Комората ќе добива средства од Буџетот на државата и второ во колкав обем и како во Министерството за здравство ќе ја врши ревизијата и финансиска контрола во Комората.
Во преодните одредби од Законот потребно е да се додаде одредба со која на здравствените работници кои согласно актуелниот Закон за здравствена заштита имаат основна лиценца, истата да биде замени со лиценца за работа.
> Работните односи - плата и дел од плата за работна успешност -Комората се залага за воспоставување на пазарни односи во областа на здравството, и за реално вреднување на трудот на докторот и воопшто на здравствените услуги, почитувајќи ги Уставните одредби за социјална држава. Со тоа ќе се овозможи подобрување на квалитетот на здравствените услуги и ќе се создадат претпоставки за подобрување на сегашниот исклучително неповолен материјален статус на докторите како и условите во кои работат.
Меѓутоа, сите избрзани чекори во оваа област се големи ризици, кои можат да предизвикаат несакани последици. Затоа да се избегнат, потребно е да се направат целосни и сериозни анализи и проверки за функционирање на системот. За почеток треба да се создадат претходни услови кои нема да дозволат субјективност при оценувањето и ќе бидат брана за евентуално нарушување на меѓучовечките односи.
Со концептот за наградувањето според успешност е предвидено една маса на средства останува иста ,со тоа што според успешноста ги дели вработените. Имајќи предвид дека платите во здравството се навистина мали, евентуално намалување ќе создаде револт и дополнително ќе го намали стандардот на докторите. Спроведување на вистински проект претпоставува дополнителни средства од кои оние што ќе се оценат како успешни , ќе се наградат, а оние што ги остваруваат работните задачи ќе ја добијат редовната плата.
Само на овој начин, преку задоволни доктори ќе имаме и задоволни пациенти, целиот проект треба добро да се обмисли, што веруваме е сторено, но пред да се имплементира треба да се провери во практиката и дури тогаш да се почне неговата примена.
За да се избегнат можните грешки и да се постигнат позитивни ефекти со кои би се подобрил лошиот материјален статус на докторите од јавното здравство, од секундарната и терцијарната здравствена заштита, нивното незадоволство и резигнираност што може да предизвика реперкусии и врз квалитетот на здравствените услуги, ЛКМ укажа на следниве недостатоци во предложениот модел:
Правни
1. Предложеното плаќањето е селективно, се однесува само на докторите (мора да се однесува на сите вработени во здравствениот системот; ова е во спротивност со Уставното начело за еднаквост пред Уставот и законите и Колективниот договор)
2.Плаќањето по успешност е индивидуално (лично) и не смее да има реперкусии врз другите вработени доктори, односно за да се реализира плаќање по успешност потребно е да се обезбедат дополнителни средства за плати.
Стручни
1.Предложениот системот за плаќање по успешност ќе предизвика можност да се прават непотребни иследувања, интервенции и процедури на штета на пациентите и ЈЗУ со цел да се обезбеди цела плата.
2.Како според оваа методологија ќе се плаќаат младите доктори кои имаат недоволно искуство во струката? (дали реално ќе бидат во можност да ги исполнат нормите за добивање на плата ?)
3.Предложената методологија ќе предизвика нарушување на меѓучовечките односи
Технички
1.Нема утврдени норми, стандарди, критериуми и мерила согласно ЗРО и Колективниот договор за здравство, акредитациите за нивоата на здравствена заштита се уште не е законски уредена (кои се нормите за специјалист на универзитетски клиники, а кои за клиничките болници и другите нивоа?)
2. Нема доволно средства за реализација на проектот за плаќање по успешност со предложената методологија и се отвора можност за прелевање на средства од еден доктор за сметка на друг доктор имајќи предвид дека буџетите на установите се лимитирани.
Врз основа на посочените недостатоци и непрецизности, произлегува дека зацртаната методологија е:
1.Селективна, со тоа и спротивна на Уставот, законите и Колективниот договор
2.Економски е неиздржана и
3.Дестимулативна
ЛКМ отсекогаш е поборник за вреднување на докторскиот труд и смета дека тоа е најдобриот начин да се стимулира квалитетното работење и да се развие позитивна конкуренција. Во исто време, Комората е противник на секаков вид уравниловка во здравствениот систем и недвојбено ја поддржува идејата да се наградува според завршената работа. Од тие причини, Комората настојува активно да партиципира, да дава сугестии и предлози, за подобрување на концептот за плаќање на докторите.
Комората предложи конкретни амандмани (34) по текстот на Законот за здравствена заштита кои ги достави до Претседателот на Собарнието, сите пратеници, членовите на Комисијата за здравство при Собранието и Министерот за здравство. Во моментот Законот се наоѓа во Собраниска процедура и е пред Комисијата за здравство при Собранието на второ читање. Со активно учество на расправите во Комисијата за здарвство, Коморта вложи дополнителни напори уште еднаш да укаже на потребата од редефинирање на повеќе одредби на Предлог Законот за здравствена заштита.
Комората имаше активна и значајна улога и во процесот на подготвувањето на Законот за признавање на професионалните квалификации, како еден од повеќето закони со кои нашата законска регулатива се усогласува со регулативата на Европската унија. Треба да се нагласи и активната соработка со Министерството за здравство, кое подготовките на овој закон ги имплементира во еден од проектите на Министрството за образование и наука.
3. ИЗМЕНИ НА СТАТУТ НА ЛКМ
Врз основа на одлуката на Собранието за потребата од измена и дополнување на Статуот на Лекарската комора на Македонија, Комисија за измени и дополнувања на Статут на ЛКМ (претседател д-р Стоје Стојмановски и членови: д-р Здравко Чакар, д-р Никола Пановски, д-р Јордан Наумов и д-р Идрзи Орана) подготви текст на измени и дополнувања на Статутот на Лекарската комора на Македонија. Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија на седницата што се одржа на 03.11.2011 го усвои текстот на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Лекарската комора на Македонија, подготвен од Комисијата за измени и дополнувања на Статутот на ЛКМ. Во текстот на Статутарната одлука за некои одредби се понудени и алтернативни решенија од членови на Извршниот одбор. Текстот на Статутарната одлука за именување и дополнување на Статутот на Лекарската комора на Македонија, беше испратен до Општинските одбори и објавен на ЊЕБ страната на ЛКМ со можност за предлози, забелешки и сугестии кои во писмена форма се доставуваа 01.12.2011 година Пристигнаа предлози и сугестии од седум општински одбори врз основа на кои Комисијата утврди текст на измените и дополнувањат ана Статутот на ЛКМ
Измените и дополнувањата на статутот ќе биде еден од приоритетите на новиот состав на Комората во кој ќе треба да се усогласат и со измените во законската регулатива.
4. ЛИЦЕНЦИРАЊЕ И РЕЛИЦЕНЦИРАЊЕ, РЕГИСТАР НА ДОКТОРИ, СТУЧНИ ИСПИТИ И АКРЕДИТАЦИИ НА СТРУЧНИ СОБИРИ, ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ
Лекарската комора на Макеоднија со успех ја реализира обврската која произлезе од Законот за здравствена заштита, а се однесуваше на обврската докторите на медицина да ја обноват лиценцата за работа. Според евиденцијата која се води во Регистарот на Комората од вкупниот број на доктори со обврска за обнова лиценца (5.129) поднесени се 4.624 барања. Од нив лиценците им се обновени обновени на 4.180 доктори, 120 барања не исполнуваат услови за обновување на лиценцата, 324 барања се во постапка на проверка и издавање. Околу 5о5 не поднеле барања на обнова на лиценцата (пензионери, починати, вработени во нездравствена дејности и слично).
Комората ги реализира и тековните обврски како што се барањта з аупис во Регистрот на докторите, издавање на лиценци з аработа, подготовка на периодични и годишни извештаи. Исто така, разгледани и акредитирани се 142 барања за одобрување и категоризација на облиците на стручното усовршување поднесени од страна на организатори на стручни активностии.
Комората мошне успешно реализираше и десет испитни сесии со 405 кандидати за полагање на стручен испит на докторите на медицина кои факултетот го завршиле во Република Македонија, како и нострификација на стручниот испит на докторите на медицина кои стручниот испит го положиле во странство.
Финансиското работење се одвиваше во рамките на позитивните законски прописи, актите на Комората и одлуките на Извршниот одбор на предлог на Комисијата за економско социјални прашања. Врз основа на одлуката на Собранието, Извршниот одбор, веќе подолго време интензивно се занимаваше со просторниот проблем и во текот на 2011 година се доплати обврската за кредитот со што ЛКМ за прв пат се стекна со деловен простор во своја сопоственост.
5. МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И НАГРАДИ
1.Коморта во изминатиот период ја продолжи и настојуваше да ја интензивира својата успешна соработка со коморите од регионот и Европа како и во рамките на ЗЕВА
•Присуство на претставници од Комората на Состанок на Хрватска комора во Загреб 26-27 мај 2011год;
•Учество на претставници на Комората на Состанок во Белгија, 23.09.2011 год; во Косово -23,09,2011 и во Чешка ,Прага 19,10,2011;
•Учество на наша делегација на Годишно Собрание на ЕФМА во Р.Белгија, Брисел, 21.06. 2011 година;
-Учество на делегациј ан комората на 18 -от Симпозиум на Коморите од Центарлна и Источна Европа, 23.09.2011 Полска Краков
2.Во овој период традиционално е доделена наградата Св. Наум Охридски. за особени оставрувања во областа на медицината во 2010 година.
По повод јубилејот, 15 години постоење и делување, Стоматолошката комора на Македонија и додели Благодарница на Лекарската комора на Македонија. Благодарницата е доделена за долгогодишна успешна соработка и поддршка.
5. ЗАДАЧИ НА КОМОРАТА ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД
Во наредниот период постојат исклучително обемни работи пред Комората особено:
А.
- Продолжување со активностите кои се однесуваат на процесот на лиценцирање и акредитација на докторите;
- Активности околу реализиацијата на подготовките за стручен надзор. како ново јавно оваластување за Комората
- Дооформување и осовременување на информатичкиот систем на Комората.
- Осовременување на системот за евиденитање на стручните активности и КМЕ на докторите;
- Продолжување на активностите во врска со изменување и дополнување на Статутот на ЛКМ согласно промените во законската регулатива;
- Осовременување и редизаин на ВОКС медици и ЊЕБ страната
Б.
- Продолжување на соработка со Владата, Собранието на РМ, МЗ, ФЗО вореформирањето и градењето на здравствениот систем.
- Активно учество на Комората и сите нејзини членови во реализација на започнатите реформи во сите сегменти на здравството;
- Активности за донесување на Законот за докторска дејност:
- Зајакнување на улогата на координативното тело - трилатерала ( МЗ, ФЗО и Комората )
- Партиципација на Комората во Советот за специјализации
- Активна париципација во проектот за едниствен информатички систем во здравството.
- Подршка на активностите околу подобрувањето на економскиот статус на докторите и нивно адекватно наградување
В.
- Дефинирање на улогата и учество на Комората во најавениот проект за акредитацијата на здравствените установи и здравствените работници.
Г.
- Продлабочување на веќе воспоствените односи на соработка со сродните меѓународни асоцијации и другите сродни асоцијации во земјата и странство.