Конкурс за доделување на наградата „Св. Наум Охридски“ за особени постигнувања во областа на здравството во 2011 година
Иницијатива за наградата треба да биде поднесена писмено, да биде образложена и да содржи лични податоци и адреса на живеење на предложени-от кандидат, податоци за остварените резултати во смисла на критериумите за доделување на наградата и потребна документација. Образложената иниција-тива за доделување на наградата треба да биде поднесена најдоцна до 15.02.2012 година на адреса: Лекарска комора на Македонија, Булевар “Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, со назнака Комисија за доделување на наградата “Св. Наум Охридски“. Некомплетираните иницијативи и иници-јативите доставени по определениот рок, нема да бидат разгледувани.
Претседател на Комисијата за доделување на наградата „Св. Наум Охридски“
Проф. д-р Илија Џонов, с.р.