По повод 15-годишниот јубилеј
Признание од Стоматолошката комора за проф. д-р Владимир Борозанов
Заблагодарувајќи се на признанието, претседателот на Лекарската комора, потсети дека првите пет години од Вашиот успешен растеж и развој ги изодевме заеднички, во тесна соработка, со заемно разбирање и поддршка какава што му доликува на нашиот еснаф.
Според него, eдна од основните активност треба да ни биде врaќањето на колегијалната сплотеност и солидарност, зајакнување на самодовербата кај нашите членови и на свеста за нашата хумана и неодминливо темелна општествена мисија, но и грижата за нашите пациенти. „На своите плеќи носиме огромна тежина и од говорност, со полна свест и совест, и покрај сe што се случува околу нас и меѓу нас, а бараме само системско реално општествено признание и вреднување, по чит.
Принципот на индивидуализација е неопходен, во позитивна и негативна смисла, но почитувајќи ги темелните вредности на здравствениот систем и неговите скалила, трнаспарентноста, објективноста и хиерархиската одговорност, нагласи проф. Борозанов, посакувајќи и на Стоматолошката комора натамошен професионален растеж.