05.12.2011
05.12.2011
Ажурирање на податоците за руралните амбуланти
Поради ажурирање на податоците со кои располага Лекарската комора, апелираме до сите доктори на медицина од примарна здравствена заштита кои својата дејност на матичен доктор ја вршат во амбуланти прогласени како рурални од 01.11.2011 година, што поскоро да ги достават до Комората следните податоци:
- име на ординацијата
- место во кое се наоѓа ординацијата
- адреса
- контакт телефон
- контакт email
Податоците да се достават на следната e-mail адреса:
lkm@lkm.org.mk