ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРААТ ПЕЧАТЕНИТЕ РЕЦЕПТИ
Во ова Упатство во точката 1-Упатство за постапување на избраните лекари (општа медицина, гинекологија и стоматологија) во врска со обврската за пропишување на лекови на печатен рецепт на товар на ФЗОМ е наведено дека:
“Избраниот лекар е должен во образецот да ги пополни сите полиња кои се однесуваат во делот на пропишување на лекот и податоците за осигуреникот, а за лековите од Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот со режим на пропишување по препорака на специјалист/субспецијалист да го внесе бројот на факсимилот во соодветното место на образец како рецепт.
Исклучок претставуваат:
• Лековите од Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за кои е потребно мислење на лекарски конзилиум чијашто препорака се евидентира на задната страна на рецептниот образец со наведување на име и презиме на лекарите и броевите на факсимилите.
• Исклучокот ќе се применува до објавувањето на новиот рецептен образец со Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување. “