28.03.2011
28.03.2011
ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА СТАТУТОТ НА ЛКМ
Комисијата за статутарни прашања што беше формирана на седницата на Собранието на Лекарската комора, со цел да подготви измени дополнувањата на Статутот го одржа првиот состанок. На состанокот, меѓу другото, членовите на Статутарната комисија заклучија да се подготви материјал за правните аспекти за тоа што треба да се менува во Статутот.
Исто така, беше одлучено Комисијата да се обрати до претседателите на општинските организации на Лекарската комора и до сите членови на Комората да предложат свои ставови и мислења за тоа што треба да се менува во Статутот.
Статутарната комисија ги очекува вашите мислења и ставови кои ќе бидат појдовна основа за подготовка на предлогот на измените и дополнувањата.