28.02.2011
28.02.2011
КАПИТАЦИОНИОТ БОД СЕ ВРАЌА НА 50 ДЕНАРИ
Од први март капитациониот бод повторно ќе биде 50 денари. Како што дознаваме тоа е одлучено на седницата на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на 15 февруари оваа година.
Враќањето на капитациониот бод на 50 денари, е резултат на инсистирањето на Лекарската комора на Република Македонија, Владата да го исполни ветувањето дека по шест месеци ќе ја преиспита одлуката. На средбта во Владата беше речено дека ако има услови капитациониот бод ќе се врати на 50 денари.