ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРИВАТНИТЕ ДОКТОРИ
УСЛОВНА ОСТАВКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ
На годишното собрание на Здружението на приватни доктори со нов состав требаше да се расправа за актуелните состојби и да се изберат новите органи и тела. По верификувањето на мандатите на новите членови на Собранието дискусијата се насочи на новите мерки на Владата за обезбедување поголема финансиска стабилност и зголемена ефикасност на здравствениот систем. Во дискусијата без исклучок беше осуден предлогот на Владата што треба да ги реализира Управниот одбор на Фондот, за намалување на капитациониот бод за 10 проценти.
Членовите на Собранието ја прифатија реакцијата на Извршниот одбор на Лекарската комора, со тоа што дополнително побараа веднаш да отпочнат разговори со Министерството и Фондот кои не би завршиле доколку не се најде општо прифатливо мислење.
На седницата претседателот на Здружението д-р Стоје Стојмановски поднесе условна оставка доколку Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување го намали капитациониот бод.