28.03.2010
28.03.2010
СЕДНИЦА НА ИЗВРШНИОТ ОДБОР НА ЛКМ
ЗАМРЗНАТИ ОДНОСИТЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО И ФЗО
На 26 март Извршниот одбор на Лекарската комора на Република Македонија расправаше за мерките на Владата на Република Македонија за обезбедување поголема финансиска стабилност и зголемена ефикасност на здравствениот систем. Во дискусијата стана збор за голем дел од мерките што ги предложило Министерството за здравство на Владата.
Основна забелешка на Извршниот одбор беше нетранспарентното донесување на мерките, без притоа да се информира или консултира Комората.
Врз основа на дискусијата членовите на Извршниот одбор прифатија соопштение до јавноста со кое се изнесуваат ставовите и мерките што ги презема Комората.