ПРВАТА РЕГИОНАЛНА СРЕДБА ВО СКОПЈЕ
На состанокот на кој присуствуваа над 40 доктори, проф. д-р Владимир Борозанов зборуваше за соработката на Комората со Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување. Претседателот на Комисијата за етичко-правни прашања, проф. д-р Мирјана Кочова информираше за активностите за спроведување на лиценцирањето и релеиценцирањето. За активностите во врска со спроведувањето на континуираната медицинска едукација информираше претседателот на Комисијата за стручни прашања, проф. д-р Љубица Георгиевска-Исмаил.
На крајот присутните подетално се интересираа за работата на Комората. Исто така тие ги коментираа и состојбите во здравството и се интересираа за идните чекори што во одделни области ќе ги презема власта и ставот на Комората, посебно околу трансформацијата на специјалистичко-консултативната здравствена заштита.
Следната регионална средба треба да се одржи во Битола на 18 февруари оваа година. На средбата ќе присуствуваат раководствата на двете општински организации на Битола, потоа на Прилеп, Демир Хисар, Македонски Брод, Ресен и на Крушево.