ГОСТИ НА ЛКМ ОД СЛОВЕНЕЧКАТА КОМОРА
Генералниот секретар на Лекарската комора на Словенија Бране Добникар ги запозна претставниците на Лекарската комора на Македонија со работата и активностите на Лекарската комора на Словенија. Во неколкучасовниот разговор гостинот од Љубљана говореше за коморското работење, искуствата на Словенечката комора, соработката со здравствените власти, издавањето лиценци и релиценцирањето, континуираната медицинска едукација, препораките за усогласување на коморските процедури со директивите на Европската унија и друго.
Со Добникар во Скопје престојуваше и Дорјан Марушич, советник на генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување на Словенија. Дорјан Марушич, пед претставниците на Лекарската комора на Македонија говореше за моделот за финансирање според Дијагностички сродни групи (ДГС), искуствата од примената во Словенија, за воочените пропусти во моделот и препораките за нивна промена.
Гостите од Словенија ги прими проф. д-р Владимир Борозанов претседател на Лекарската комора на Македонија. Во разговорот беа разменети мислења за актуелните состојби во здравството, тековното работење на коморите, местото на докторите и слично.