ФОРМИРАН КОМИТЕТОТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВСТЕНИОТ СИСТЕМ ВО МАКЕДОНИЈА
ПРОФ. Д-Р ПЕРКО КОЛЕВСКИ - ПРЕТСТАВНИК НА ЛКМ
На 2 јуни во Скопје беше промовиран Комитетот за унапредување на здравствениот систем на Република Македонија. Во Комитетот, покрај номинирани претставници од здруженијата, членуваат и експерти од областа на економијата, правото и здравствениот менаџмент.
Лекарската комора на Република Македонија во Комитетот ја претставува проф. д-р Перко Колевски.
Заради успешно презентирање на ставовите и решенијата во Лекарската комора е формирана ад хок комисија. Таа ќе биде во функција на поддршка на претставникот на Комората.
Работата на Комитетот е транспарентна со тоа што дел од документите и прашањата што се третираат може да се најдат на ВЕБ страницата на Министерството за здравство. На оваа ВЕБ страница можете да се логирате и преку ВЕБ страницата на Лекарската комора на Македонија. Сите доктори што се заинтересирани за решавање на проблеми со кои се соочуваат во текот на извршувањето на својата работа или да понудат соодветни решенија, може со свои предлози слободно да се обратат до Комората. Сите прашања за кои ќе се констатира дека се битни ќе бидат доставени до претставникот на Комората кој ќе ги презентира пред Комитетот.