СТРУЧЕН ИСПИТ ВО СЕПТЕМВРИ
Испитот се полага три дена на 28 септември и на 1 и 2 октомври.
За пријавување на стручниот испит покрај пријавата која можете да ја добиете во стручната служба на Лекарската комора на Македонија треба да се достави:
- оверен препис или оверена копија за завршен медицински факултет;
- приправничка книшка пополнета и оверена според Правилникот за планот и програмата за приправнички стаж,
- уверение за државјанство или оверен препис, и
- уплатница за полагање на стручниот испит во висина од 26.000,00 денари на жиро-сметка на Лекарската комора на Република Македонија (200000011464034 АД Стопанска банка-Скопје).