17.06.2009
17.06.2009
ИСПРАЌАЊЕ СЕРТИФИКАТИ ПО ПОШТА
Сертификатите што ги добивате од континуираната медицинска едукација до Лекраската комора можете да ги испраќате и по пошта. Сертификатите што се испраќаат по факс нема да се земаат предвид.
Сите оние што ќе се одлучат сертификатите да ги испраќаат по пошта задолжително со нив треба да биде пополнето и потпишано Барање за одобрување и категоризација на облиците на стручното усовршување од страна на доктори на медицина.
Барањето можете да го најдете и да го отпечатите од ВЕБ страницата на Лекарската комора на Македонија во делот на подзаконски акти.
На сите оние што сертификатите ќе ги испраќаат без Барањето нема да се разгледуваат од комисиите за верификација на поените добиени од континуираната медицинска едукација.