ИНТЕНЗИВНА СОРАБОТКА МЕЃУ ЛКМ И ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
ВО ТЕКОТ НА ЈУЛИ УШТЕ ДВЕ СРЕДБИ
Во рамките на интензивната соработка меѓу Лекарската комора на Република Македонија и Фондот за здравствено осигурување во средината на јули се одржаа две средби.
На првата, што се одржа на 16 јули се разговараше за воведувањето на системот на референтни цени на лековите, за измените и дополнувањата на Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување во делот на начинот на пополнувањето на рецептниот образец, за намалување на бројот на издадените потврди за дефицитарност на лекот од 5 на 3 аптеки по барање на осигуреникот и за воведување на континуирано 24 часовно снабдување со лекови од листата на лекови кои се на товар на Фондот.
На втората седница, одржана на 18 јули меѓу претставниците на Лекарската комора и Фондот за здравствено осигурување, се разговарало за единаесет прашања. За овие прашања директорот на Фондот побара мислење од претставниците на Комората.
Во продолжение ви презентираме факсимили на двата документа кои ги попишаа проф. д-р Владимир Борозанов претседател на Лекарската комора на Република Македонија и Георги Тренкоски директор на Фондот за здравствено осигурување.
Записник од 16.07.2008 (стр. 1, стр. 2, стр. 3)
Записник од 18.07.2008 (стр. 1, стр. 2)