ЗАЕДНИЧКО СООПШТЕНИЕ
На 10 јуни годинава се одржа средба меѓу претставниците на Лекарската комора на Република Македонија и Фондот за здравствено осигурување. Двете делегации ги предводеа проф. д-р Владимир Борозанов претседател на Лекарската комора на Република Македонија и Ѓорѓи Тренковски, директор на Фондот за здравствено осигурување.
На средбата, која е прва на новото раководство на Комората, беа разменети мислења за актуелните состојби и беше потврдена потребата од унапредување на натамошната соработка. За таа цел беше потпишано соопштение во кое се утврдени приоритетните задачи. Притоа двете страни се договорија средбите да се организираат најмалку еднаш месечно.
Во атмосфера на разбирање во неколкучасовниот разговор беа нотирани клучните прашања чие решавање зависи од кооперативноста на Фондот и Комората.