ТРИ ПРЕДЛОГА ЗА НАГРАДАТА “СВ. НАУМ ОХРИДСКИ”
Конкурсот за наградата беше објавен во декемврискиот број на гласилото на Лекарската комора на Република Македонија и на ВЕБ-страницата на Комората. Исто така за конкурсот со писмо беа информирани сите претседатели на општинските одбори на Комората.
Во предвидениот рок до Лекарската комора на Република Македонија пристигнаа само три предлога.
Оваа година до Лекарската конора на Република Македонија пристигнаа предлози од Охрид, Скопје и Делчево.
Комисијата за награда наскоро ќе го одржи првиот состанок на кој ќе треба да ги официјализира предлозите. Дури потоа по предвидената постапка ке изврши избор на оној што годинава ќе го носи признанието “Доктор на годината 2007”.