21.03.2008
21.03.2008
ИЗБОРИ ВО ОПШТИНСКИТЕ ОДБОРИ НА ЛКМ
На 10 март 2008 година во целата држава се одржаа избори за членови во општинските одбори и Собранието на Лекарската комора на Македонија. Републичката изборна комисија врз основа на Статутот ги спроведе изборите и ги сумира резултатите од изборите. Притоа ги разгледа и сите добиени изборни материјали од 40 општински одбори.
Во 3 Општински одбори, Велес, Валандово и Ресен, Републичката изборна комисија донесе решение за поништување на изборите заради неправилности при изборот.
Во тие општински организации на Лекарската комора на Република Македонија ќе се повтори гласањето.
Кликнете да ги видите резултатите од гласањето за членови на Собранието на Комората.