ДОКТОРИТЕ ЈА ПОДДРЖУВААТ ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО
Убедени сме дека вистинските демократски сили во светот нема да дозволат да биде оскрнавено основното човеково право- граѓаните да ја именуваат својата држава како што тие сметаат и дека одлучно ќе застанат во нејзината заштита. Затоа очекуваме вистинските демократи, отворено да го осудат односот на државата која си дава за право да го оспорува името на друга држава, доделувајќи си ексклузивно право да предлага свои верзии за името или нудејќи некакви кованици кои имаат основа во сопствените фрустрации.
Цврсто веруваме во слободољубивата светска јавност, во името на демократијата, ќе знае да застане во одбрана на основните природни права кои јасно укажуваат на тоа дека секоја држава има право на свое уставно име. Зошто, правото за слободно изјаснување е еднакво за сите. Тоа е императив кој призлегува токму од Повелбата за заштита на човековите права на Организацијата на обединетите нации
Во рамките на корпусот на основните човекови права, не така одамна, ги паметиме бурните реакции токму од развиените демократски земји кон земјите каде што се ограничуваше правото на слободен избор на личното име.
Република Македонија го користеше своето име уште во поранешната федерација и подоцна кога на референдум се изјасни за суверенитет и името кое беше втемелено и во највисокиот правен акт- во Уставот на државата.
ЛЕКАРСКА КОМОРАНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА