СОСТАНОК НА ТРИЛАТЕРАЛНАТА КОМИСИЈА
ВО СПЕЦИЈАЛИСТИЧКО-КОНСУЛТАТИВНАТА И БОЛНИЧКА ДЕЈНОСТ ЌЕ СЕ ПРИМЕНУВА ПОСТОЈНИОТ ПРАВИЛНИК
Во врска со концесионерството Комората смета дека треба да се изврши ревизија на договорите за уредување на меѓусебните односи помеѓу јавните и приватните здравствени установи. Притоа се инсистира да се провери зошто износите за направените трошоци се толку високи. Во рамките на тоа е побарано да се разгледа и интерната распрделба.
На седницата беше заклучено да се формира комисија од концесионерите кои ќе преговараат со раководството на Здравствен дом за актуелните проблеми. Исто така е договорено директорот да ангажира експерти за ревизија и преиспитување на влезните сметки и за нивната внатрешна прераспределба.
Д-р Салвани, државен секретар во Министерството за здравство во врска со најавите за воведување на ДЈР како систем за просечниот трошок за пациенти со слични проблеми (дијагнози) рече дека е тоа нов начин на менаџмент во здравството кој се очекува да профункционира на први јануари 2008 година. Кај нас треба да се применува австралијскиот модел на ДЈР.
Во однос на приватизацијата на секундарно-поликлиничката дејност, информираше д-р Салвани, Министерството чека детален извештај за приватизација на примарната здравствена заштита што ќе биде појдовна основа за претстојниот процес на приватизација на секундарно-поликлиничката здравствена дејност. Формирана е работна група која ќе работи на процесот на приватизација на секундарно-поликлиничката дејност, која ќе почне со работа во октомври. До крајот на годината треба да се согледа колку специјалистички служби ќе се приватизираат а плаќањето ќе биде според извршените услуги.
Во тек е дефинирање на основниот пакет на услуги во примарното, секундарното и терциерното здравство. Исто така се предвидува да се изврши распределба на здравствениот кадар врз основа на здравствената мапа што ќе значи и релоцирање на финансиските средства.
Во врска со ова Комората побара со свој член да учествува во работна група. Истакната е потребата за постапност при имплементацијата и максимална транспарентност паралелно со едукација на сите учесници во процесот. Во дискусијата беше истакнато очекувањето дека плаќањето по услуга ќе почне да се применува од 2008 година, како и потребата да се овозможи секоја година да се преговара за цената на здравствените услуги. Д-р Салвани го прифати предлогот за член на Комората во работната групата и информираше дека е планирано во октомври и ноември да се врши едукација на вработените од целиот здравствен систем.
Претставникот од Фондот за здравствено осигурување објасни дека ценовникот е збир на здравствени услуга, цените на материјалните трошоци и трудот на лекарот. Врз основа на овие параметри, според него, ќе се формира една заедничка цена. За тоа треба претставниците на секоја специјалност одделно треба да посочат на сите параметри за да може да се дојде до реална цена. Откако ќе се утврдат референтните цени, ФЗО ќе ги објави и применува. Правилникот за начинот на плаќање во специјалистичко- консултативна и болничка дејност ќе продолжи да се применува и во 2008 година. Плаќањето по услуги ќе се примени кога ќе се воведе плаќање по ДРЈ само за болнички услови. Во приватните специјалистички установи плаќањето во 2008 година ќе биде врз основа на актуелниот правилник, со определени буџети. До сите клиники и медицински центри е доставен ценовникот со цел да се дадат забелешки за процедурите, со што ќе се олесни неговото воведување, рече претставникот на ФЗО.