НАВРЕМЕНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА СТРУЧНИТЕ СОБИРИ
Во случај кога оргаизаторот од оправдани причини го пречекорил предвидениот рок вреднувањето може да се изврши во таканаречената забрзана простапка. Тоа се однесува за барањата кои се поднесени од 1 до 3 месеци пред одржувањето на обликот на стручно усовршување. Организаторот кој ќе го користи ова право е должен да плати дополнителни 10 проценти од средствата кои се предвидени во регуларната процедура.
Барањето кое е доставено до Лекарската Комора на Република Македонија во рок помал од еден месец до одржувањето на средбата нема да се разгледува.
Во преодниот период организаторот на стручната манифестација барањето треба да достави до Македонско лекарско друштво два месеци пред одржувањето. МЛД барањето на органиозаторот треба да го проследи до Лекарската комора на Република Македонија еден месец пред одржувањето на стручната активност. Лекарската комора за акредитацијата треба да го информира организатоорот 15 дена пред одржување.