СТРУЧЕН ИСПИТ-ДЕКЕМВРИСКИ РОК
Испитот се полага три дена- од 3 до 7 декември 2007 година.
За пријавување на стручниот испит покрај пријавата која можете да ја добиете во Лекарската комора на Македонија треба да се достави:
- оверен препис или оверена копија за завршен медицински факултет;
-приправничка книшка пополнета и оверена според Правилникот за планот и програмата за приправничкиот стаж и
- уплатница за полагање на стручниот испит на жиро-сметка на Лекарска комора на Република Македонија (2000000114640-34 АД Стопанска банка-Скопје) во согласност со Правилникот за висината на трошоците за издавање, продолжување и обновување на лиценца.