24.08.2006
24.08.2006
ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ДЕКЕМВРИСКАТА СЕСИЈА
Сите доктори што ќе го завшат стажирањето ќе можат да го полагаат стручниот испит во наредната декемвриска сесија.
Пријавувањето и поднесувањето на потребната докуменатција ќе се врши од 23 до 28 октомври. Трите дела на стручниот испит ќе се оджат на 4,7 и 8 декември.
За пријавувањето на стручниот испит потребно е да се пополни пријава која може да се добие во Лекарската комора. Заедно со пријавата треба да се достави
- оверен препис или оверена копија на дипломата за завршен медицински факултет;
- книшка за приправнички стаж на здравствен работник пополнета и оверена врз основа на Правилникот за планот и програмата за приправничкиот стаж и
- доказ за уплатени средства за полагање на стручниот испит на жиро-сметка на Лекарската комора на република Македонија (2000000114640-34, АД Стопанска банка-Скопје) врз основа на Правилникот за висината на трошоците за издавање, продолжување и обновување на лиценците.