24.08.2006
24.08.2006
ИЗДАДЕНО НАД 2.700 ЛИЦЕНЦИ
Според информациите од Одделението за издавање, продолжување и обновување на лиценците при Лекарската комора на Република Македонија досега се изработени и предадени нешто над 2.700 лиценци. Според некои проценки тоа е повеќе од една половина од бројот на докторите во државата. Во овој број спаѓаат лиценците што се обновени врз основа на измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита од 15 март 2004 година. Според Законот сите оние што го положиле државниот испит пред овој датум добија работни лиценци. Сите доктори што стручниот испит го положиле по овој датум добија Основни лиценци, со право самостојно да работат до 15 март 2011 година. До овој термин носителите на основни лиценци ќе мора да специјализираат со што ќе добијат Лиценца за работа со право самостојно да работат.
Преостанува да се изработат уште неколку стотини лиценци, за доктори кои досега ја доставиле потребната документација. Инаку процесот на продолжување и апликација за добивање на лиценци се одвива без намален интензитет заради годишните одмори.
Со почетокот на септември се очекува нов бран на барања за обновување и издавање лиценци.