СОСТАНОКОТ НА ЕФМА ВО БУДИМПЕШТА
Лекарската комора на република Македонија оваа година ќе ја претставуваат потпретседателот д-р Салих Ќерими и проф. д-р Владимир Борозанов.
На форумот се предвидува да се расправа за повеќе значајни теми кои ги тангираат докторите од Европа.
На седницата што се одржа на 11 февруари Управниот одбор на ЕФМА/СЗО беше информиран за подготовките за одржување на форумот и беа утврдени темите за кои ќе се разговара во Будимпешта. Како по обичај и оваа година темите за кои ќе се расправа ќе побудат голем интерес меѓу присутните на форумот.
На состанокот во Будимпешта ќе биде утврдено каде ќе се одржи состанок на оваа асоцијација идната година.